Narrow gauge in Macedonia

Narrow gauge in Macedonia 600 mm with Brigadelok (Feldbahn) Dn2t Steam locomotive


Теснолинејка во Македонија

Со избувнувањето на Првата светска војна за потребите на германската војска за снабдување на Солунскиот фронт, било донесено решение за изградба на железница во Македонија.


Поради лошата инфраструктура и тешкиот планински терен како и брзата потреба за екслатација на истата, преземено било единственото можно решение за изградба на железничка пруга со ширина на колосек од 600 mm.

Веднаш е почнало со планирање и трасирање на теренот на два железнички правца:

Првиот правец - Централна траса бил за снабдување на централниот дел од Солунскиот фронт од исток кон запад од Градско преку планината Плетвар кон Прилеп и Битола, спојувајќи ги така со железницата од нормален колосек, на исток со пругата Скопје – Солун и на запад Битола – Солун.

Вториот правец - Западна траса за снабдување на западниот дел од Солунскиот фронт преку постојниот нормалниот колосек во Скопје па преку Тетово, Гостивар кон Охрид и Струга за Елбасан.

Create a free website at Webs.com